Модниот саем Pitti Uomo во Фиренца се смета за есенцијален настан во светот на машката мода на кој се собираат најсталски облечените мажи од светот. Pitti Uomo е дефиле на италијанска елеганција и космополитски еклектизам, на ексесивни стајлинзи совршени за на „Инстаграм,“ и на живописни модни комбинации поради кои мажите го добија називот „пауни“. Фирентинските пауни се вратија и овој јануари на Pitti Uomo 95. Додека Италијанците демонстрираа лекција како се носат класични костуми и палта, гостите експериментираа со храбри комбинации и внесоа доза на урбаност во италјанската класика.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари