Улиците на Париз за време на модната недела се претвораат во модни писти на кои дефилираат најзначајните уредници, блогери и познати личнoсти облечени во инспиративни и уникатни комбинации. Направивме селекција на фотографии на Адам Катц Синдинг, основач на сајтот Le 21ème, кој иако фотографира улична мода, вели дека le-21ème.com не е блог за уличен стил, туку фото-журналистички поглед во светот на модата. На неговите фотографии направени на последната Париска модна недела ги гледаме задолжителната Ана Дело Русо, Русинката Мирослава Дума, Парижаната Каролин де Мегре, Марион Котијар како пристигнува на ревија на „Диор“, и уште повеќе познати и непознати ликови со одличен моден стил.
Нема коментари