Уличната мода е секогаш инспиративна и имагинативна, особено кога фокусот е на фотографии и изгледи забележани за време на траењето на неделата на висока мода во Париз. Тогаш на улиците ги среќаваме најважните модни уредници како Мирослава Дума и Ана Дело Русо, богатите клиенти од типот на Сандра Мелниченко и Лена Перминова, врвните познавачи на модата и блогери како Сузи Бабл и Леандра Медина, а задолжително тука се познатите личности и холивудски актерки кои се специјални гости на ревиите на париските кутуриери. Вообичаено сите тие се облечени во дизајни од големите модни куќи, но интерпретирани на нивен индивидуален начин со вметнување на необични детали. Париз за време на неделата на висока мода несомнено е вистинското место за ексентичност, лукзус и сосема непредвидливи модни комбинации.
Нема коментари