Париз минатата недела беше во знакот на високата мода и презентациите на луксузните модни куќи, но и на неколку снежни денови кои не ги сопреа модните вљубенички, уреднички, блогерки и познатите личности да се дотераат и по снегот да се фотографираат по патот до локациите каде што се одржуваа ревиите. Но, имаше и сончеви денови, па гостите на ревиите на Париската недела на висока мода беа приморани своите стајлинзи да ги прилагодуваат на временските прилики. Во секој случај, екстраваганцијата и луксузот на парискиот haute couture се отслика и на уличната мода во која се измешаа елеганција, еклектизам и екпресивен личен стил.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари