Визионерски и неочекувани комбинации на трендовите со ретро парчиња можеа да се видат на улиците на Њујорк за време на тамошната модна недела. Додека на пистите се лансираат колекции за претстојната есен-зима 2018/19, модните инфлуенсерки, блогерките и уредничките дадоа идеи како ќе се комбинираат носечките парчиња. Во нивните стајлизни доминира повеќесјолноста и асиметричките модели, како и миксот со спортски креации и носталгични модни додатоци. Воoчлива е доминацијата на џинсот, камбек прават на белата, сината и кафената боја, а сè уште се актуелни карираните парчиња. Сè уште се носат бунди во боја, палта и капути со машки крој, како и винил модели и плетива со волумен. Но доаѓа и трендот на спортски јакни, ветровки и модели инспирирани од скијачката опрема. Тука се и комбинезоните налик на возачите на спортски автомобили и Формула 1. Актуелни се бели, сребрени и лаковани чизми, како и модели со набори. Масивните обетки нобиваат нови неодредени верзии, а од очилата зајзастапени се тесни модели како во 90-тите. Покрај вијанието од таа декада, забележливи се референците од 70-тите и 80-тите.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари