После Инстаграм профилите кои го ловат вистинскиот стил на улиците на Рим, Париз и Лондон, ќе отпатуваме во Милано и ќе го разгледаме автентичниот уличен стил преку @milanesiamilano. Додека трае Миланската модна недела која поради пандемијата се случува во дигитална форма, со што ја нема уличната мода на познатите, уредниците, блогерите и модните ентузијасти што вообичаено се случува за време на дизајнерските модни ревии, автентична модна инспирација наоѓаме во вистинкиот италијански стил од Милано.
Профилот @milanesiamilano е отворен во октомври 2020 година и го илустрира стилот на вистинските жители на Милано. Нивните комбинации се лежерни, но со доза на луксуз, елеганција и примена на дизајнерски парчиња. Како и во секој голем град, Милано е микс на луѓе со различен бекграунд, животен стил и интереси, и тоа секако се одразува на нивниот стил. Кој пак е микс на класичен безвременски стил во смирени бои и експлозија на јаки бои и откачени комбинации. Заедничко е им феноменалното чувство за стил, и умешноста со леснотија да носат базични парчиња или екстравагантна облека.
ПРОЧИТАЈТЕ: Автентична мода од ПАРИЗ, РИМ и ЛОНДОН
Нема коментари