Леопардов принт, волуменизирани костими, загасито портокалова боја, микс на вечерни фустани со патики и тотална лежерност со апостолки – уличната мода во Копенхаген за време на тамошната модна недела уште еднаш ни потврди дека новата стилска инспирација доаѓа од север и од Скандинавките. Во последниве години тие ги поставуваат трендовите, а во прилог оди и фактот што модните колекции за пролет 2019 прво се прикажуваат во Копенхаген, па потоа во септември на ревиите во модните центри Париз, Лондон, Њујорк и Милано. Данските модни девојки својот скандинавски минимализам го мешаат со јаки бои и шари, со тековните трендови и стилови, за да создадат непредвидливи и понекогаш необични комбинации.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари