Скандинавките уште еднаш покажаа дека се главни ѕвезди на уличната мода и прошетаа по улиците на Копенхаген во необични и стилски комбинации за време на тамошната модна недела. Пернил Тејсбек, Емили Синдлев, Тинe Андреа, Хана Стефансон, Дарја Бараник, Жанет Масден, Анабел Розендал, Катарина Петровиќ и останатите Данки ги освоија Париз, Милано, Лондон и Њујорк со својот стил, а брилираа и на домашен терен. Додека трае модната недела во данскиот главен град тие прошетаа во предимензионирани мантили, палта декорирани со крзно, креации на Balenciaga, бели чизми и гломазни патики, колоритни и бежови комбинации, кариран и животински дезен, а се чини дека омилени им беа Loewe чантите. *Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари