Во последните неколку години Копенхаген стана важна рефенренца во светот на модата, веќе некое време вниманието е насочено кон тамошната модна недела и секако на уличната мода која редовно ја следиме. Деновиве се одржува Copenhagen Fashion Week, после две години повторно во реален формат со физички модни ревии. Ова значи не само интересни презентации, туку и потполно враќање на скандинавските стилски ѕвезди присутни во уличната мода во градот. А на улиците на данскиот главен град, најразлични стилски комбинации и многу смела мода, еклектични споеви и стилска инспирација.
Нема коментари