Дека ракавите се преценети покажаа модните уреднички, блогерки и извикани модни икони, кога пред неколку сезони се фотографираа со своите сакоа и капути лежерно наметнати околу раменицети како да се шал или марама. Сфатиме дека ваквото носење на горната облека како наметка сигнализира дека сте шик и дека најверојатно работите во модниот бизнис. На почетокот тоа галантно и сосема непредвидливо ставање на капутот околу вратот изгледаше интересно и интригантно, потоа почнаа сите така да се шетаат, како да заборавали за што служат ракавите. Проблемот е што одредени модни движења го губат својот шарм кога ќе станат многу популарни, нели? А сега и мажите почнаа да ја копираат оваа тенденција. Ова ќе го забележите ако ги разгледате фотографиите од уличната мода за време на модните недели во Лондон, Милано и Париз, што се одржаа на почетокот од месецов. Модно освестените господа се дотеларе, облекле впечатливи парчиња, одлично ги координирале панталоните со сакото, внимателно избрале чевли, но и ситни детали како чорапи и шамивче во џебот од сакото.. Само уште да го облечат сакото.
Нема коментари