Во Копенхаген, новата светска модна престолнина, се одржа модната недела која што повторно го привлече внианието на скандинавски модни ѕвезди. Копенхаген веќе е новиот моден центар, но сега го откри и својот радикален план да стане модна недела што e еколошки најмногу освестена и организоторите од дизајнерите побараа до 2023 година да исполнат минимум 17 стандарди за одржливост во модата. Амбициозно, но плански за иднината!
Улиците на градот за време на модната недела беа полни со стилска инспирација благодарение на скандинавските трендсетерки – мноштво неутрални комбинации, деконструктивни решенија и панталони пикнати во чизми, совршен баланс меѓу трендовското и автентичното, успешно маневрирање со „скромни“ модни парлиња и екстравагантни стајлинзи, волуменозни палта и чизми со масивна дебела пета. Тие најчесто ги поддржуваат локалните брендови, но многу сакаат да носат познати дизајнерски чевли и чанти.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари