Емили Синдлев, Жанет Мадсен, Пернил Тајсбек, Јанка Полијани, Ерика Болдрин, Катарина Петровиќ се некои од модните девојки од Скандинавија што се наментнаа на светската сцена, а деновиве се прошетаа на улиците на Копенхаген за време на модната недела во данскиот главен град.
Прдимензионирани сакоа, кожени панталони и бермуди, модели со нагласени ракави во стилот на детските фустанчиња, ѓердани со златни синџири, црно-бели комбинации, но и многу интензивни бои, сандали со ремчиња заврзани врз панталоните, широк избор на обувки од апостолки до салонки… се дел од трендовите што доминираа на улиците на Копенхаген.
Скандинавките одамна не се плашат да вметнат впечатливи шари во својот стил, и како антипод на стереотипот за скандинавски минималистички стил, носат леопард, каро и цветни дезени. Исто така, го рушат правилото кое вели дека е невкусно кога ќе се сретнат две дами во исти фустани на ист настан, Данките немаат проблем – често среќаваме две пријателки во иста креација, но секоја ја носи на свој начин.
Копенхаген и тамошната модна сцена уште еднаш покажаа дека не се епицентар на светската мода само во деновите додека трае модната недела, туку клучен играч на полето на глобалниот дизајн. Градот ни дава свежа инпсирација, модни ѕвезди кои секојдневно ги следиме и брендови кои од ден на ден стануваат сè поголеми.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари