Препознатливи по скандинавското органичување, едноставноста и монохроматскиот изглед, Швеѓанките го уриваат мислењето за она што е скандинавски стил. Нивниот нов моден стил е во ритамот на шареноликостa, цветnите дезени, трендовските дизајнерски парчиња и генијалните модни комбинации. По улиците на Стокхолм деновиве за време на тамошната модна недела продефилираа модни стилисти, уредници, блогери и вљубеници во модата со привлечни стајлинзи со модели од „Баленсијага“, јаки бои, необични солеви, чанти на „Гучи“, и други максималистички елементи со кои препознатливиот минимализам го претворија во нова модна експлозија.
Од скандинавските земји во последно време доаѓа нова модна инспирација во вид на улична мода и брендови кои добиваат одобрение на светската модна сцена. Претходно нè фасцинирираа Данкињите, кои заедно со Швеѓанките и Норвежанките ќе допринесат Стокхолм, Копенхаген и Осло да станат новите стилски престолнини.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари