Дваесетина дизајнери на современ накит од Македонија и регионот ќе учествуваат на првото издание на саемот за накит и модни додатоци „Накит викенд 2016” што ќе се одржи од 7 до 9 октомври во центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“, Скопје. На листата на дизајнери-учесници се : Александра Шекутковска со URB CLV, Биби Клекачкоска со BIP ART, Јасмина Главинче, Марта Пејоска, Нина Нинеска со MODULAR, Јана Ацевска со KAPKA Jewelry , Александар Пешевски со MIGHTY JEWELRY, Виктор Павлов, Атанас Костантинов со ARTEFAKTI, Симеон Шомов, Зора Романска, Катерина Сербезова со SERENDIPITY, Ангелина Цветкова, CURLY LAB, GULCH, Студио Глина, JtDot, REdesign21 и BOWTIE wooden style.
Селекцијата на изложувачи ја направи стручното жири во состав Јана Ацевска, Александар Велиновски и Маја Лалиќ според следните критериуми: оригиналност, концепт, иновативно користење на материјали, комбинација на нови и стари технологии и техники, изработка на производите, продажен потенцијал. Настанот, кој е во организација на „Јавна соба“ и KAPKA Jewelry ќе биде збогатен со дополнителни активности (предавања, презентации и друштвени активности). За сите посетители влезот е бесплатен.
Нема коментари