Животот е еден и треба да се слави секој изминат ден. Оваа фраза звучи како клише, но е вистинита и еден од ретките народи кои најдобро го знаат тоа се Италијанците. Тие си дозволуваат да запрат, да си дадат пауза во хаотичното секојдневие и да уживаат во работите кои ги опкружуваат. На прво место го ставаат семејството и пријателите и не си дозволуваат да ги загубат тие приоритети. Тоа се нештата кои го прават животот сладок, а воедно тој став беше инспирација за козметичката компанија Avon да го создаде парфемот Viva la Vita. Целта на креаторот Хари Фримонт била да се долови филозофијата на оптимизам и на уживање која Италијанците ја носат во својот генетски код и да се смести во еден опоен мирис. Резултатот е Viva la vita комбинација на сочен, црвен грејпфрут со возвишена фузија на јаболко, кремасти ноти на магнолија и на сензуална ванила.
Парфемот е наменет за припадничките на понежниот пол и е идеален избор за преку ден, но и за вечерните излегувања. Наутро пред да го напуштите домот ставете Viva la vita како мирисен поттик, но за да живеете како Италијанец потребно е повремено и да уживате во малите нешта кои го прават животот убав. Отидете во парк и минете барем половина час читајте книга или едноставно уживајте во смирувачкиот поглед пред вас. Јавете им се ненадејно на најблиските пријатели и викнете ги на кафе или пак заеднички да возите велосипед. Ценете го времето минато со семејството и обидете се колку што можете повеќе да бидете со нив, да разговарате или пак да правите нешта кои ве прават среќни.
Viva la Vita беше промовиран во периодот околу меѓународниот ден на жената и е совршен подарок за амбициозните моќните жени полни со самодоверба. Предност е фактот дека зад него стои парфимеристот Фримонт. Тој е добитник на престижната награда FiFi која се им се доделува на креаторите на најинтересните парфеми изминатата година кои ги поместиле креативните граници во своето поле на работа. Токму таа иновација е забележлива и во Viva la Vita.
Целта на компанијата Avon со новиот производ била да им го пренесе оптимизмот и љубовта кон животот, кои Италијанците ги носат во себе, на потрошувачите од над 100 земји каде што имаат свои претставништва.
Меѓу тие држави е и Македонија, а повеќе детали околу новиот производ може да најдете на следниот линк www.avoncosmetics.com.mk
Нема коментари