Американскиот ланец на парфимерии Sephora се здружи со институтот Pantone на нова колекција на шминка во нијанси на марсала, која што е прогласена за боја на годината за 2015, за што ве информиравме вчера. Покрај тоа што во парфимериите и на својата онлајн-продавница Sephora промовира шминка во боја на марсала од различни брендоти, компанијата лансира и сопствена колекција на сенки, кармини, руменила, маскари во бојата која што според стилистите одговара на секаков тен на лице. Но, треба да внимавате на неколку работи. На пример, кога користите црвенкасти пигменти како сенка, потребно е да ги дефинирате очите со молив во потемна боја, во спротивно ќе изгледате како да сте настинале. Внимателно и соинтензитетот на боја, едно е шминка за едиторијал со нагласени очи, усни и образи, но друго е реалноста. Марсала одлично одговара со контрасни нијанси, како на пример тиркизна, па може да ги комбинирате како шминка за очи. Еве неколку примери на шминка на Sephora.
Нема коментари