Колку и да внимаваме понекогаш може да ни случи да изгориме од сонцето, па веднаш ни треба соодветен лек за да ја оправиме оштетената кожа. Постојат повеќе медицински креми, веќе познати трикови како облоги од кисело млеко, домати или алое вера, но еве уште една совршена солуција за која ви е потребна само една природна состојка – мед.
Илди Пекар, Унгарка по потекло и познат њујоршки дерматолог, вели дека медот е совршен за нега на изгорена кожа. Оваа експертка која се грижи за кожата на Миранда Кер и Ирина Шајк, укажува на тоа дека во случај на изгореници кремот за лице едноставно заменете го со мед.
И покрај тоа што овој предлог може да звучи како потенцијално неуреден и незграпен третман, Илди уверува дека нанесувањето на мед на кожата ќе го убрза нејзиното опоравување и ќе ја смири кожата. Откако наутро ќе го измиете лицето, нанесете слој на мед и држете го на лицето 15-20 минути, како маска за лице. Исплакнете и тоа е тоа! Кожата ќе биде богато нахранета, а грдите изгореници ќе исчезнат многу брзо.
Нема коментари