Откривањето на типот на кожа е клучно за утврдување на видот на нега. Не постои универзален режим за нега на кожата кој одговара на сите типови кожа. Сами проверете каков тип на кожа имате и каква нега треба да преземете.
- Ако ја чувствувате Вашата кожа многу затегната и рапава по целото лице, тогаш се одредува како сува.
- Кожата со сјајна текстура е склона кон создавање акни и може да се класификува како масна.
- Нормалната кожа е мазна, без проширени пори и неправилности.
- Кожа која сјае во Т-зоната со склоност кон избувнување, а останатиот дел е сув, е комбинирана кожа.
- Треба да запаметите дека сите овие типови на кожа исто така може да се класификуваат како чувствителни.
Ако не можете да го откриете типот на вашата кожа со набљудување, исто така може да направите тест со хартиено марамче. Измијте го лицето со лосион за чистење за да ја отстраните нечистотијата, маснотијата и шминката и исушете ја со тапкање. Почекајте еден час додека ги извршувате редовните работи, но избегнувајте да го допирате лицето. Потоа, лесно допрете го лицето со хартиено марамче, особено обрнувајќи внимание на Т-зоната. Погледнете го марамчето. Ако на него има масни остатоци, вашата кожа е масна, ако има ситни лушпи од сува кожа на марамчето, во тој случај имате сува кожа, доколку нема никакви остатоци – кожата е нормална. Комбинираната кожа покажува особини на трите споменати типови кожа.
Сувата кожа особено подлежи на негативното влијание на надворешните фактори. Затоа производите за нега на кожа не треба само да дадат влажност на кожата, туку и да ја потхрануваат за да се создаде заштитен површински слој. Дневните креми треба да содржат заштитни филтри независно од годишната сезона кога се користат. Сувата кожа често има нездрав изглед, без сјај и изгледа уморно. Добро е да користите козметички производи кои ќе ѝ дадат здрав сјај на кожата.
Претерано сувата кожа, исто така, може да се препознае како зрела кожа. Овој тип на кожа покажува знаци на стареење, како брчки, тенки линии и лупење и вообичаено се појавува кај жените по менопаузата, што предизвикува и хормонски дебаланс кој се забележува на кожата. Зрелата кожа произведува помалку себум и е повеќе подложна на иритација, оштетување и зголемена сувост. Исто така станува почувствителна на временските услови и при изложување на сонце. Затоа има потреба од посебна нега. Збогатеното потхранување и влажност помага за еластичност на кожата и ја намалува појавата на брчки. Виталните состојки и антиоксиданси на кремот може да го надоместат здравиот изглед и да го забават понатамошното стареење.
Кога станува збор за масна кожа, најважно е правилното чистење. Не користете јаки сапуни или други козметички препарати кои може да ја пресушат. Хидрантните дневни и ноќни креми треба да имаат доста лесен состав. На масната кожа ѝтреба добра хидратација, бидејќи спротивно на популарното верување, добрата хидратација го намалува производството на себум. Лесниот крем не ги затвора порите, тоа е она што е најопасно за масната кожа. Исто така се верува дека слој на себум на лицето ги блокира штетните сончеви зраци. Тоа не е точно. Кожата се заштитува од штетни зраци преку филтри, кои исто така треба да се нанесуваат на масен тип на кожа. Лицата со масна кожа треба добро да размислат пред сончањето, затоа што може да се влошат воспалителните промени кои се типични за овој вид на кожа.
Оние со нормална кожа…. се среќни! Тоа сепак не значи дека не треба да ја негуваат кожата. Перфектната кожа нема да остане таква засекогаш. Голем број надворешни услови може да имаат негативно влијание врз состојбата на кожата. Времето поминато во климатизирани простории може да предизвика сушење на кожата, прекумерното изложување на UV зраци може да го забрза стареењето на кожата. Затоа и нормалната кожа треба да се чисти, хидрира, потхранува и заштитува од штетните UV зраци, тоа ќе помогне таа да изгледа здрава што е можно подолго време.
Комбинираната кожа е доста проблематична за одржување. Од една страна треба да пронајдете решение за прекумерното производство на себум во Т-зоната, а од друга страна, треба да се хидрира областа на образите и околу очите. Изборот на соодветен крем е еднакво важен како и изборот на вистинско средство за чистење. Лицето треба да се мие два пати дневно со соодветни производи за нега на кожа, освен тоа се препорачува пилинг на лицето еднаш неделно, што ќе помогне за ослободување од перутот на епидермисот и митесерите.
Сè се менува, па така и кожата. Вреди повремено да се проверува свежината на кожата. Масната кожа може да стане комбинирана, или нормалната кожа да стане сува или масна… Доколку забележите знаци на промени на типот на кожа, се препорачува прилагодување на секојдневниот режим на новите потреби.
Нема коментари