Актерката Натали Портман подолго време е заштитно лице на „Диор“ и сега се појавува во козметичката кампања со која се промовира новата пудра, DiorSkinStar, од козметичката линија на брендот, најавена како првата осветлувачка пудра која ги корегира дамките и брчките на лицето. Имиџот од кампањата е инспириран од старовремскиот холивудски гламур и ѕвездите како Мерилин Монро и Марлен Дитрих, а резултатот е вистинско евоцирање на безвременскиот стил од минатото.
Нема коментари