Дали би купиле лак за нокти кој чини 675 долари?! Познатиот дизајнер на чевли Кристијан Лубутан неодамна лансира и линија на лакови за нокти кои вообичаено чинат по 50 долари, што и понатаму е висока цена на ваков производ. Но, новата серија е уште полуксузна и многу поскапа… Зошто толку чини? Станува збор за лимитираната едиција Starlight што се продава во пресрет на божиќните празници, а шишенцето на лакот е украсено со 1.500 рачно поставени кристали од „Сваровски“. Шишенцето потоа е ставено во црна лакирана кутија декорирана со цвет од кожа и кристали, детаљ кој е позајмен од моделот на чевли Pensamoi на Лубутан. Кога веќе ги споменуваме чевлите, овој лак чини поскапо дури од некои модели на обувки од колекциите на познатиот дизајнер.
Нема коментари