Двете славни британски манекенки Кејт Мос и Кара Делевињ за првпат позираат заедно во рекламната кампања за новиот парфем My Burberry на брендот „Барбери“. Супермоделките позираат пред објективо на Марио Тестино, а резултатот е сензуални црно-бели фотографии на кои двете се облечени во славните мантили на брендот. Кејт и Кара досега се појавиле во повеќе различни рекламни кампањи на британската модна куќа, но за првпат работат заедно. Покрај принт-кампањата, „Барбери“ издаде и видео, кое исто како и фотографиите, направено е под водство на креативниот директор Кристофер Бејли. Во позадина на видео-рекламата ја слушаме песната I Put a Spell on You во изведба на Џеф Бек и Џос Стоун.
Нема коментари