Талентираната и харизматична актерка Хелен Мирен на 69-годишна возраст стана заштитно лице на козметичкиот гигант L’Oreal и уште еднаш покажа дека убавината не познава возраст. Само неколку дена по објавата за Наоми Вотс како заштитно лице на козметичките производи на францускиот бренд, на семејството на познати личности амбасадорки на L’Oreal му се придружи и Мирен која во договорот побара една работа – нејзините рекламни фотографии не смеат да бидат манипулирани во фотошоп, со што сака да ги инсирира жените да ја зголемат самодовербата во својот природен изглед. Уште една причина зошто ја обожаваме Хелен! Еве ги првите фотографии на Мирен направени со Сајмон Емет и со кои се промовира анти-ејџ линијата Age Perfect на L’Oreal.
Нема коментари