Ѕвездите на новата француска верзија на приказната за „Убавицата и ѕверот“, Леа Сејду и Вансан Касен се фотографираа за прилогот Styles на весникот L’Express уште пред неколку месеци, но да се потсетиме во чест на прикажувањето на нивниот заеднички филм и во нашите кино сали. Актерската двојка позираше пред објективот на Лусиен Вал и Франко Мусо за моден едиторијал инсириран од бајката, со сет кој потсетува на маѓепсана шума, и во кој Вансан носи елегантни костуми, а Леа е облечена во модни парчиња со строга линија и има круна на главата.
Нема коментари