Продуцентската куќа Hulu го објави официјалниот трејлер за новата сезона на ТВ серијата „Приказната на слугинката“ (Handmaid’s Tale), која ќе почне да се емитува на 5 јуни. Во третата сезона продолжува борбата на слугинките против дистопискиот режим, ја следиме приказната на главниот лик Џун, но според трејлерот како да се наговестува дека во борбата се вклучуваат и сопругите на моќниците од тоталитарното општество Гилијад.
Нема коментари