Една од телевизиските серии кои со нетрпение ја очекуваме е „Манијак“ (Maniac) на Netflix, во режија на Кери Џоџи Фукунага и со Ема Стоун, Џона Хил, Џастин Теру и Сали Филд во главните улоги. Серијата од 10 епизоди е базирана на истоимената норвешка сатирична ТВ серија од 2014 година, која се бави со „институционализиран човек кој во своите соништа живее живот од фантазијата“. Во Нетфликосовата верзија ќе ги следиме двајцата странци – Ени Лансберг (Стоун) и Овен Милграм (Хил) кои се запознаваат на клиничко тестирање на нов лек кој ветува дека ќе ги реши сите проблеми на свеста. Ени е опишана како „незадоволна и бесцелна, фиксирана на скршени врски со нејзината мајка и нејзината сестра“, а Овен е „петтиот син на богати њујоршки индустријалци, кој целиот свој живот се бори со спорна дијагноза на шизофренија“. Докторот (Теру) задолжен за истражувањето ја губи контролата врз проектот, а низ серијата ќе гледаме иствремено настани во реалноста, но и што се случува со нашите ликови во неколку различни алтернативни светови во кои нивните умови се поврзани.
Серијата доаѓа на Netflix на 21 септември.
Нема коментари