Во летните месеци сакаме да се шминкаме во поминималистички стил и со неутрални тонови копирајќи го исончаниот изглед. Употребуваме доста бронзер и со него го шминкаме лицето на оние делови кои вообичаено ги фаќа сонцето. Блогерката Алана Дејвисон неодамна објави туторијал токму на оваа тема – како да се нашминкате за пет минути и да постигнете летен изглед кој се темели на употреба на бронзер. Во видеото објавено на нејзиниот You Tube канал таа прикажува брзо шминкање во кои најважни чекори се правилно потхранување на кожата на лицето, лесно покривање со корективна пудра, нанесување на бронзер на клучните делови од лицето, стратешко нанесување на хајлајтер и нежно шминкање на очите и усните во природни тонови.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари