Поедноставно не може да биде, но понекогаш ваквите предлози и туторијали се потребни за да ве потсетат што може сами да направите и да ви дадат идеја за нов проект. Седниов туторијал се однесува на бојадсување на платнени патики во неколку бои, во примеров наредени во неколку дебели и тенки линии, на вас останува да одберете комбинација на бои која ви се доапаѓа или да се одлучите за некоја друга шара.
Потребни ви се еден пар бели платнени патики, бои за текстил, четки и селотејп. Заштитете ја површината на која што ќе работите и почнете со боење. Со помош на селотејпот означувајте ги гранците помеѓу две бои. Врвот на патиките нека биде во потебна нијанса, а потоа продолжете со бојадисување на останатиот дел од патики на кои претходно сте ги извадиле врвките. Овде се употребени црна, жолта, сива и пудресто розова боја. Оставете да се исушат 24 часа пред да ги облечете.
Кога бирате бои барајте производи кои нудат водоотпорен финиш и прочитајте ги инструкциитеза да се информирате дали е потребно пеглање на ткаенинита за да се постигне отпорност на вода.
Нема коментари