Познатата шминкерка Шарлот Тулбери во овој видео-туторијал предлага празничен и светкав изглед од шминка во виолетови тонови на очите, нанесена со ефект на smokey eyes. Овој вечерен изглед е одличен за вечерните забави што се одржуваат околу новогодишните денови, па и за самата новогодишна ноќ. Очите дефинирани со црн моли, сенки во неколку нијанси на виолетова и дебел слој на маскара, се комбинирани со усни обоени со нежно розов молив и сјај за усни во ист тон, како и со образи нашминкани со руменило во боја на праска и светкава пудра.
Нема коментари