Познатата шминкерка Лиза Елдриџ на својот You Tube канал објави туторијал за гламурозна, но сепак не многу нападна шминка, погодна за овој празничен период. Откако на Инстаграм постирала фотографија од изгледот и шминката што ја направила за актерката Кира Најтли, Лиза добила повеќе прашања како да се постигне тој изглед на smokey eyes во кафени и бронзени тонови, па решила да се нашминка во тој стил и да го објасни процесот на нанесување на шминката. Таа вели дека користи производи и бои на шминка кои што веројатно веќе ги поседувате, а овој изглед одговара скоро на секоја жена.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари