Познатата британска шминкерка Шарлот Тилбери не крие дека голема инспирација ѝ e француската актерка Брижит Бардо, ја смета за ултимативна икона на убавината, па дури неодамна за својата линија лансира кармини и сјаеви за усна во беж боја именуван токму bardot beige. Во следново видео таа предлага шминка а ла Бардо. Главен акцент е ставен на очите и стилот што Бардо го практикуваше во 60-тите години – мачкест изглед кој се постигнува со темна сенка, дебел слој на црн молив со кој се дефинира целото око и маскара со која се нагласуваат трепките, како и на усните кои се полни, добро дефинирани со молив, со бежов кармин и финиширани со сјај за усни.
Нема коментари