Познатата британска шминкерка Шарлот Тилбери во последниве месеци на својот профил на YouTube предлага 10 иконски видови на шминка инспирирани од жени од минатото и сегашноста кои што важат за модни икони. Рокерскиот стил што го објаснува во ова видео се базира на неколку препознатливи елементи во нејзината работа, како на пример нагласени очи во мачкест облик и во стил на зачаден поглед, слоеви на темна маскара и неутрални усни. Овој изглед е инспириран од стилот на Брижит Бардо, Деби Хари и Кејт Мос, a шминкерката предлага дневна и вечерна варијанта на рокерска шминка.
Нема коментари