Познатата британска шминкерка Лиса Елдриџ е именувана за нов креативен директор на козметичкиот гигант Lancôme, кој смета дека тие како бјути-бренд и Елдриџ како професионалец ги делат исти вредности и цели – да овозможат помош на жените кои убавината ја сфаќаат подабоко, не само на површината. Лиса претходно соработувала со други козметички брендови како Shiseido и No. 7, води успешен канал на You Tube каде постира свои туторијали, а веројатно сте забележале дека често ја третираме на Stylist.mk и ги споделуваме нејзините правила и совети за шминкање. Елдриџ не ги сака старовремските правила за шминкање, но внимава на три клучни работи – при шминкање нагласете само еден дел од лицето (очите или усните), купувајте производи кои го осветлуваат лицето, но откако сте ги пробале на дневно светло и што е најважно, клучот на секоја шминка лежи во убавиот и негуван тен. Шминкерката ќе соработува со Lancôme на развивање на нови производи кои се темелат на нејзината философија и на лансирање на лекции и туторијали со кои ќе на жените ќе им се олесни процесот на нанесување на шминка. Шминката треба да биде извор на ослободување, а не на ограничување. Ова е уште една заедничка визија што ја делат Елдриџ и брендот Lancôme. Без разлика дали станува збор за природна или гламурозна, шминката треба да ја направи жената да изгледа и да се чувствува убаво.
1.Поглед на мачка
2.Свеж изглед со розови усни
3.Класичен туторијал за smokey eyes
4.Изглед за прв љубовен состанок
5.Усни со темен кармин
Нема коментари