Доколку сакате да направите фризура како старлетите во 40-тите години на минатиот век, погледнете го туторијалот од Bobby Glam. Сè што ви треба е тенок стегач-обрач што ќе го поставите на горниот дел од главата, неколку центиметри над челото и позади ушите.
Почнете да ја виткате косата околу стегачот, потфатувајќи ја внатрешно со него. Така продолжете цел круг. Добрата страна на оваа фризура е што не е важно колку ви е долга косата, а благодарение на стегачот ќе можете да ја приберете целата. Доколку се плашите дека може да ви се растури фризурата, може да ја зацрвртите со црни шноли или со лак. Ако сакате полежерен изглед, може да извлечете неколку праменчиња надвор.
Нема коментари