Дали правилно го нанесувате руменилото и го контурирате лицето?! Дали грешите во нанесувањето на течната пудра?! Претерувате ли со хајлајтерот и дали го нанесувате на вистинското место? Можеби погрешно ги нагласувате веѓите?! Шминкерката Андреа Али од Париз во ова видео многу добро објаснува каде најмногу се прават грешки. Таа со истите козметички производи ги шминка двете страни на своето лице, едната со потези и начини кои таа смета дека се погрешни, другата е правилно нашминка. Андреа својот You Tube канал го отворила во 2015 година после 13-годишно искуство како професионален шминкер и на него постира видео туторијали со мошне корисни совети.
Нема коментари