Модните трендсетерки и блогерките постојано промовираат модни брендови кои се продаваат по достапни цени, новиот миленик доаѓа во форма на американскиот брендот Tularosa, кој создава парчиња во модерен боемски стил. Оливија Палермо ги носи фустаните наTularosa, а љубители на брендот се и блогерките Кјара Ферањи (Blonde Salad), Џули Сарињана (Sincerely Jules), Ејми Сонг (Song of Style) и Енди Торес (Style Scrapbook), кои на „Инстаграм“ се фотографираат во облека од брендот. Деновиве брендот ја промовира и новата колекција на костими за капење, која експресно се најде на интернетските модни медиуми. Брендот нуди лежерни модели од природни материјали во бохо-стил, а најскапото парче од колекциите чини 200 долари.
Нема коментари