„Бременоста не е причина да се шетате во пижами“, смета познатата модна уредничка Џована Батаља која е при крај на бременоста и на модните недели пред два месеци се прошета во смели стајлинзи. Вели дека нејзиниот личен стил воопште не трпи поради бременоста и дека големиот стомак не е пречка да ги облече омилените модни парчиња. „Некогаш наутро не сум расположена за бирање облека, ама почнувам со чевли или чанта – потоа инспирацијата сама доаѓа“, објаснуваа таа.
Батаља периодов избра интересни труднички стајлинзи – впечалив мантил во боја на циклама, кратки кошула-фустани, облека со цветен дезен и јаки бои, елегантни долги фустани… Таа откри неколку модни совети наменети за трудниците.
Предлага да почнете со модните додатоци. Ако досега носела мали чанти кои ги собирале само визит-картите и телефонот таа сега е свесна дека ќе треба да почен да носи поголеми торби во кои ќе стави сè што ѝ треба. Заборавете на специјална облека наменета за трудници и бирајте облека со поширок крој во „регуларната“ понуда. Смета дека облеката со предзнак „за трудници“ е доста досадна и неугледна. Ако веќе купувате специјална облека, тоа нека бидат фармерки – тие сепак треба да бидат со соодветен крој.
Носете тесна облека. Џована сака облека што го нагласуваат телото (и стомакот), и советува да носите интензивни бои, а не смирени и загасити како што обично трудниците носат. Ако бирате широка облека нека биде тоа некој волуменозен кошула-фустан. Не купувајте многу облека што нема да ја носите после бременоста. Ако нешто ви се купува, нека биде тоа накит. Патиките ќе ви станат најдобар пријател. Одлично е што сега има голем избор на паики. Не носете здолништа ако не ви удобни. Наместо тоа облечете хеланки со долги џемпери од кашмир или кратки фустани. За вечерни излегувања и забави одберете долг фустан со поширок крој. И слободно носете го со патики!
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари