Италијанското дизајнерско дуо Доменико Долче и Стефано Габана родната Италија секогаш ја ставаат во фокусот на своите колекции, овојпат во новата за пролет-лето 2017 колекција ја претставија преку призмата на тропскиот стил. Новите креации од Tropico Italiano колекцијата ги имаат сите препознатливи знаци на Долче и Габана – микс на бои и шари, светки и украсување, силуета од 50-тите и цврсти референци на Италија и Сицилија, но овојпат збогатена со тропски мотиви и духовити шари на медитерански риби, корнети со сладолед, шишенца со маслиново масло и тестенини. Крајната порака е дека облекувањето треба да биде забавно.
Нема коментари