Во исчекување на новата модна ревија на Никоал Геские за „Луј Витон“, онаа за ресорт колекцијата што ќе биде откриена во сабота, 17 мај, во Монако под поковителство на монегашката принцеза Шарлен, модниот свет со нетрпение ја очекува и првата рекламна кампања за париската модна куќа направена под креативно водство на новиот главен дизајнер на модната куќа. Се појави информацијата дека на кампањата за есен-зима 2014/15 ќе работат дури тројца познати модни фотографи, односно дека рекамната кампања ќе се состои од микс на фотографии од Брус Вебер, Јирген Телер и од Ени Лејбовиц.
За заштитни лица на кампањата се претпоставува дека ќе бидат ангажирани ликови кои се од креативниот универзум на Геские, како на пример актерката Шарлот Генсбур и манекенките Лија Кебедее и Фреја Беха Ериксен кои учествуваа и на дебитанската ревија на дизајнерот за „Луј Витон“. Претходно, во времето кога Марк Џејкобс беше креативен директор на брендот, фотографиите за рекламите ги правеше Стивен Мајзел.
Нема коментари