Белгискиот дизајнер Раф Симонс вчеравечер триумфираше на доделувањето на наградите на Советот на американски модни дизајнери (CFDA). Симонс кој во моментов креира за куќата на Келвин Клајн освои две награди – за најдобар дизајнер на женската колекција за Келвин Клајн и за најдобар дизајнер на машка колекција што ја креира под свое име. На церемонијата во Њујорк се појавија повеќе познати личности од светот на модата и забавната индустрија, а беа доделени следниве награди:
Интернационална награда – Демна Гвасалија за Vetements и Balenciaga
Дизајнер на модни додатоци – Стјуарт Виверс за Coach
Награда на Swarovski за млад талент – Фернандо Гарција и Лора Ким за Monse
Модна икона – Франка Соѕани
Најдобар дизајнер на женска колекција – Раф Симонс за Calvin Klein
Најдобар дизајнер на машка колекција – Раф Симонс
Награда за позитивни промени – Кенет Кол
Наградата Џефри Бинс за животно дело – Рик Овенс
Награда за одновач – Пет Мекграт
Призанија на управниот одбор – Сесил Ричардс, Глорија Стајнам и Џанел Монае
Нема коментари