Со победа во осум категории, вклучувајќи ја и главната-за најдобра драмска серија „Приказната на слугинката“ триумфира на доделувањето на престижните телевизиски награди Emmy. Елизабет Мос ја освои наградата за најдобра женска улога, а нејзината колешка од истата серија Ен Дауд- за најдобра според на улога. Најдобар актер во драма е Стерлинг К. Браун за серијата „Ова сме ние“, додека во категоријата за споредни улоги Emmy доби Џон Литгоу за „Круната“.
За најдобра комедија е прогласена Veep, чија ѕвезда: Џулија Луис-Драјфус по шести, рекорден пат го освои признанието за најдобра женска улога. За најдобар актер во комедија е прогласен Доналд Гловер за „Атланта“. Наградите за споредни улоги во комедија отидоа во рацете на двајца актери од Saturday Night Live- Алек Болдвин и Кејт Мекинон.
Проектот на HBO: „Големите мали лаги“ триумфира во категоријата за најдобра лимитирана серија или филм. Дури тројца нејзини актери добија награди: Никол Кидман (најдобра женска улога), Александер Скарсгард (најдобра споредна машка улога) и Лора Дерн (Најдобра споредна женска улога). Актерот Риз Ахмед победи го категоријата за најдобра машка улога во лимитирана серија или филм за улогата во The Night Of.
Наградата за најдобар ТВ филм ја доби : Black Mirror: San Junipero, најдобро реално шоу е The Voice . Уште еден историски момент беше победата на Рид Морано -првата жена што добила награда за режија во изминатите 22 години на Emmy. Водител на церемонијата беше комичарот Стивен Колбер.
Нема коментари