Љубовната фантазија на режисерот Гиљермо дел Торо „Обликот на водата“ триумфира на доделувањата на Оскарите вчеравечер во „Долби театарот“ во Лос Анџелес. Покрај златната статуетка за најдобар филм, победи и во категориите за најдобра режија, за дизајн на продукција и за оригинална музика. Филмот на мексиканскиот режисер беше номиниран во 13 категории, а важеше i за најголем фаворит.
И во другите главните категотии на најпрестижните филмски награди во Холивуд немаше изненадувања.Како што беше очекувано, Френсис Мекдермонд е прогласена за најдобра актерка, за улогата во филмот „Три билборди пред Ебинг, Мисури“ , додека оскар за најдобра главна машка улога доби Гери Олдман за портретирањето на Винстон Черчил во „Најмрачниот час“. Признанието за најдобра споредна улоги, кај жените го доби Алисон Џени („Јас, Тонја“), а кај мажите Сем Роквел („Три билборди пред Ебинг, Мисури“).
Оскарот за најдобро оригинално сценарио го доби „Излези“, додека за адаптирано сценарио „Повикај ме со твоето име“. Најдобар филм од неанглиско подрачје е чилеанскиот „Фантастична жена“, најдобар документарец е „Икар“, во категориата за анимирани филмови победи „Коко“, кој зема оскар и за најдобра песна-„Remember Me“.
Во техничките категории со најмногу оскари се закити историската драма „Данкирк“, кој зема награди- за најдобра монтажа, за најдобра монтажа на звук и за микс на звук. Ико не се најде во потесниот избор за најдобар филм, новото продолжение на култниот „ Блејд ранер 2049 “ доби два „оскари“, за најдобра фотографија и за визуелни ефекти.
Домаќин на 90-тото, јубилејно издание на „Оскарите“ беше Џими Кимел. Настанот помина без поголеми скандали, a ланската збрка околу побендикот беше „поправена“ со повторно појавување на Феј Данавеј и Ворен Бити како презентари на наградата за најдобар филм. Овој пат беше именуван вистинскиот победник. Оскарите, како и сите останати холивудски церемонии оваа сезона беше во знакот на актуелните кампањи против сексуалното вознемирување #МеТоо и половата нерамноправност #TimesUp, кои потикнаа цела револуција во филмската индустрија. Се носеа и портокалови беџови и против оружјето.
Традиционално, најзоборуван и најфотографиран дел од оскарите е цврениот килим. На следниот линк се најубавите креации на Оскар 2018.
Нема коментари