Филмските и музички ѕвезди: Ема Вотсон, Лили Ален, Фарел Вилијамс, Кети Пери, како и популарните модни креатори: Кристофер Кејн, Изабел Марант, Никола Формичети се дел од добитниците на ELLE Style Awards, што беа доделени вчера на свеченост во Лондон. Модните награди отидоа во рацете на претежно млади креатори.
Признанието за британски дизајнер на година, според магазинот ELLE, му беше врачено на Кристофер Кејн, а за најдобар современ креатор е прогласена Изабел Марант. Наградата за најдобар дизајнер на накит ја доби Кејти Хилиер. За модни иновации е награден Никола Формичети, а за најдобри креации од црвен килим Емилија Викстед. Специјалното признание за животно дело доби Дејвид Бејли. ELLE Style Award за модел на година отиде во рацете на Суки Вотерхаус.
Жена на годината според ELLE е пејачката Кети Пери, на која наградата ѝ ја врачи нејзината колешка, Кајли Миног. Маж на годината е младиот актер Том Хиделстон, кој не беше присутен на церемонијата, но статуетката во негово име ја зема неговиот постар колега, Ричард Е. Грант. Миленичката на Британците и новата модна икона, Ема Вотсон ја освои наградатa за најдобра актерка. Лили Ален е именувана за најдобра британска музичка извеувачка, а кај мажите – Тини Темпа. Инатернационален музички изведувач што го одушеви жирито на ELLE е Фарел Вилијамс.
На црвениот килим можеа да се погледнат повеќе интересни модни изгледи. Меѓу гостите, кои се појавија и како презентери на наградите, покрај Кајли Миног беа: Кара и Попи Делевињ, Фелисти Џонс, Каролина Куркова, Олга Кириленко, Аризона Мјуз, Рита Ора, Ели Гулдинг, Гвендолин Кристи и други.
Нема коментари