Главниот дизајнер на популарниот бренд J.Crew, Сомсак Сикхунмуонг, заедно со уредничката Халси, во следново видео отркиваат неколку трикови за фармерки. Едниот пример е како да ги пресечете фармерките во долниот раб на две различни нивоа, нешто што е тренд периодов, и вториот трик се однесува на уште една повеќесезонска тенденција – како да ги искинете и „распарталите“ фармерките за да добиете distress ефект. Бонус во ова советодавно видео е како да ја украсите чантата со помош на марама.
Еве што поточно треба да направите:
1.Step Hem
Означете ги фармерките од задниот дел на ногавиците, до онаа точка која ви ги открива зглобовите. Тука пресечете го работ, додека во предниот дел треба ногаците треба да се пократки 4-5 сантиметри.
2.Distress
Означете со селотејп каде сакате да ги искинете фармерките и почнете да ги „стружите“ на тој дел со машинка или со шмиргла. Употребете ножичка за да направите дупки и продолжете да шмирглате додека не го постигнете саканиот distress ефект.
Нема коментари