Успешните деловни жени секојдневно се среќаваат со многубројни предизвици. Но, не им верувајте на предрасудите кои може да ве спречат да ги остварите своите амбиции.
Мажите и жените се еднакви на работа
Вистина: Иако во последните неколку децении жените многу напредуваа, денес заработуваат во просек околу 85 проценти од машката плата, дури и кога се на иста позиција во фирмата. Еве како да се изборите со ова:
- Промовирајте се на работа. Мажите постојано се фалат за своите достигнувања. Кога жените повеќе би се фалеле, повеќе би се ценеле како запослени во компанијата
- Барајте го она што ви припаѓа и изборете се за „машка“ плата
- Облекувајте се прикладно. Само така ќе ве перцепираат како сериозна деловна жена
- Не дозволувајте некој да помисли дека нема да се вратите на работа само затоа што имате деца. Секогаш борете се да ги добиете најдобрите проекти. Ако се чувствувате исполнети на работа, голема е веројатноста дека ќе сакате да се вратите по бременоста
Кога ќе родат деца, жените доброволно поднесуваат оставка
Вистина: Вистинската причина зошто многу жени ги напуштат своите работни места откако ќе станат мајки е затоа што се среќаваат со реалноста дека нивните сопрузи не се ангажираат доволно околу обврските на домот, а газдите не се подготвени да направат промени кои ќе им овозможат да продолжат да работат. Жените често го напуштаат работното место бидејќи немаат друг избор . Пред да одлучите да имаат деца, размислете добро каков е вашиот претпоставен и колку вистински може да се потпрете на вашиот на вашиот партнер за помош во домот.
Неговата кариера е поважна од вашата
Вистина: Иако низ историјата мажите биле доминантни, во денешно време се повеќе среќаваме жени кои се главни хранители во семејството. Така што не претпоставувајте дека трема да го намалите темпото кога ќе стигнат децата. Истражувањата покажале дека жените што се вработени се помалку депресивни. Покрај тоа, вашата кариера и нему носи одредена безбедност. Ако посака да отвори свој сопствен свој бизнис, или да го смени работното место, вашиот приход може да обезбеди поддршка во текот на транзициониот период. И доколку се случи тој да ја изгуби работа, ќе му биде драго дека сè уште ја имате вашата.
Нема коментари