Три македонски модни имиња се најдоа на листата за гласање за најдобар дизајнер од регионот на Европа и Русија – Олгица Ѓоргиева, Chic Undercowear на Бобан Илиевски и модната куќа „Елена Лука“, спроведено од страна на „Интернационални бугарски модни награди ЕИРЕНЕ“, а опфаќа дизајнери во 9 географски категории. Гласањето трае до 20 јуни, а на овој линк ќе најдете информации како да гласате и дополнителни линкови како да ги поддржите омилените дизајнери.
Минатата година во истата категорија победи нашата Росица Мршиќ, во финалето меѓу светските дизајнери го освои петтото место, а ја зеде специјалната награда за најголем број на гласови од обожавателите на „Фејсбук“. За Мршиќ следат серија бенефити како на пример награден фонд кој ќе ѝ овозможи претставување по две сезонски колекции во следните пет години на Бугарската модна недела, награда за организирање дипломатски прием во Софија во чест на Македонија и на Мршиќ, организирање трговски состанок и работилница со дизајнерски консултации, како и изложбен салон во рамките на Модната недела во Пловдив.
Нема коментари