Ако професијата ви дозволува поопуштен деловен стил и можност за модно експериментирање, ви ги предлагаме следниве комбинации со плетен џемпер. Плетен, од дебела волна и во форма на ролка, одлично се вклопува со миди молив-здолниште или широки килот-панталони, со ниски оксфорд–чевли или со класични салонки. За повеќе карактер, пробајте поинтензивни бои, за посмирен стил бирајте парчиња во црна боја и неутрални тонови.
Нема коментари