Во модерниот свет нашиот карактер прво се евалуира преку појавата, ни се допаднало тоа или не, првата импресија се гради од изгледот. Ова особено важи во деловните кругови кога заклучоци се донесуваат и на основа на облеката, следењето на деловниот дрескод, уредноста, прифаќањето на идејата дека изгледот е дел од професионалноста. Комуникацијата се гради и преку гардeробата, која во одредена мера може да ја нагласи (или уништи) вашата самодоверба и независност, и со тоа да ја зајакне или урне вашата позиција. За да се чувствувате сигурно, повикајте се на следниве три модни компоненти, бизнис класици и важни парчиња во деловното облекување, но за посовремен ефект изберете модерни кроеви и необични решенија.
КЛАСИЧНО САКО СО НЕОБИЧНИ ДЕТАЛИ
Класичното сако вели дека сте дисциплинирана и сериозна личност, но необичните детали дека сте креативни и сакате да експериментирате. Тоа може да бидат копчиња во друга боја, асиметричен крој, тренди нагласени раменици, вметнување на друга боја во крецијата.
МОЛИВ-ЗДОЛНИШТЕ И ГОРЕН ДЕЛ СО ВОЛУМЕН
Миди здолништето со молив-силуета е уште еден бизнис класик, кој ќе добие нова димензија кога се носи со горен дел со порелаксиран крој, како широко сако, кожена или бомбер јакна.
ЦРНА КОМБИНАЦИЈА
Можеби за некого црната комбинација е преагресивна, тоа може да се избегне ако изберете женствена силуета и неколку „фем-фатал“ детали како лаковани салонки, кожено палто и златен накит.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари