Стилско шаренило исполнето со трендовски парчиња, младешки модели, како и свечени линии, беше претставено изминатите три дена на Модната недела во Битола. Вчера, на третиот ден од модната манифестација, во салата за свадби во Центарот за култура во Битола се одржаа ревиите на креаторката со полско потекло, Катерина Микрут, миленичката на битолска публика- Славица Котевска и на гостите од Скопје: Ивана Величковиќ и „3Пи позитив“.
Катерина Микрут ја престави линијата Cloudy city, за која инспирација нашлаво во облаците и сите нијанси на сивилото на градот. За сезоната пролет-лето 2014 создала 18 креации, кои првичнобеа пресвени во Скопјекон крајот на минатиот месец. Микрут, која работи под етикетата Mikka Design, е позната по уникатните рачно плетени и везени парчиња облека и модни додатоци. Инспирацијата го донела и спојот на тежината на урбаната средина со индустријалните елементи со леснотијата, подвижноста и минливоста на облаците.
Овој спој го одразуваат креациите во кои претежно долниот дел на облеката (хулахопки, здолништа, панталони, чорапи) на некој начин се илустрација на урбаниот пејсаж додека горните делови (блузи, маички, елеци, фустани, накит) потсетуваат на облаците со сите нивни својства-вели креативката од полско потекло, која подолги години живее и работи во Македонија. Во колекцијата се застапени само неколку бои: црна, сребрена, сива како слика на индустриален карактер на урбаната средина и светла сина во спој со неколку други нијанси на облачно небо- бела, светла сива, пастелно розова.
Во некои парчиња нијансите на бои од облачното небо се прелеваат. Линијата има многу елементи на рачна изработка, има и рачно плетени парчиња, а овој пат си има и експериментални парчиња плетени од многу тенок рибарски конец за шиење. Од техниката успеала да добие „слика“ на облаци со целата нивна нежност и минливост.Исто така има рачно сликани парчиња облека што го претставуваат погледот на некој град – вакви цртежи има неколку – на хулахопки, чорапи, маички, кошули.
Славица Котевска претстави елегантни креации наменети за разни свечености и за престојните матури. Доминираат фустани во црната и белата боја украсени со бисери, мониста и пердуви. Покрај посвечените креации, тука се и секојдневни модели, панталони со различни должини,комнинирани со елечиња, кошула и корсет навезен со мониста.
Тимот на „3П позитив“, кој често се презентира на модниот настан во Битола, претстави младешка, носива линија. Меѓу парчињата, кои може да најдат примена кај девојки и дами од повеќе генерации и со различни лични стилови, се комбинираат во повеќе пригоди. Понудени се бели, сивкасти и црни модели украсени со тантела и со везови.
Моделите на Ивана Величковиќ се наменети за престојниот летен период. Во линијата има комбинезони, маички, здолништа и шорцеви со принтови и отвори .
Во четвртокот (на вториот ден) на Модната недела во Битола се одржаа две модни ревии на битолскиот дизајнер Никола Петровски. Тој ги претстави својата колекција пролет-лето 2014 , како и најновата, која минатата недела ја погледнавме и на Моден викенд-Скопје, за сезоната есен-зима 2014-15.
Љубовта е главна инспирација за колекција есен-зима 2014/15 на Никола Петровски, кој се претстави и на Модниот викенд- Скопје. Преовладуваат потемни бои и шари како од сликарски платна, а повеќето од моделите се и рачно досликани. Формите на моделите се инспирирани од 70-тите и 90-тите години од минатиот век, а материјалите се претежно природни (волна, памук, лен) или мешавина со вискоза, полиестер или ликра. Моделите се наменети за луѓе со слободен дух, храбри и сигурни во себе и своето јас.
Во клекцијата за актуелната сезона пролет-лето 2014 , која Петровски ја претстави пред шест месеци, е шарена, весела и разиграна, исполнета со емоции. Инсоирација за пролетните модели биле романтични прошетки низ рајските градини во топлите летни вечери, држење за раце, насмевки на лицата, сјај во очите, пеперутки во стомакот, ѕвезди на небото, полна месечина, нежни бакнежи, страсти, ќеиф на душата, две срца сплотени…
Колекцијата е составена од женски и машки модели изработени од лесни чисти природни материјали: памук, лен или нивна мешавина со ликра или свила, сите со цветни дезени, а формите се инспирирани од филмски романтичните 50-ти и 60-ти години од минатиот век.
По него следувапе презентацијата на Стефанија Насеска, која поттикната од потребата да го искаже своето мислење во однос на модата кај нас, ја создала колекцијата „Револуција“. Линијата ја промовира на неодамнешниот Моден викенд-Скопје. Водечки форми во колекцијата се здолништа и фустани во А-форма и лале крој кај мантилите. Моделите се со чисти линии и симетрични кроеви.
Материјaлите се монохромни во комбинација со парчиња со цветни дезени. Застапени се живи бои. Материјалите се природни, а најмногу е застапен памукот, кој голем дел рачно ги бојадисувала. Креациите се наменети за девојки со стил и за сите оние кои се чуствуваат млади, сигурни и горди во тоа што го носат. Смели во комбинирањето и изборот на парчињата
Фестивал на мода, култура и уметност беше отворен на 9 април (среда) со „Фојаер“ – изложба на фотографии на Иван Јанчев – Шенжен, Кина и постановката на рамки за огледала во изработка на атеље за резба ,,Пердика“ – Битола. Иван Коцка Јанчев сликите ги прави додека оди на работа, или по пат до најблиското кафуле, шетајќи, ни помалку ни повеќе на воајерски начин (гледајќи низ објективот со очите на еден друг лик, викан Фоја). Така произлезе и насловот на оваа изложба, со спојување на зборовите: воајер и фоја. Субјектите кои се предмет на интерес за нас гледачот, ниту се спремиле за да бидат сликани ниту пак знаат за сликата и воопшто за оваа изложба. Изложба на рамки за огледала како еден моден детал кои сите ние сме го заборавиле како таков, а е неопходен за создавање на една комплетна слика во процесот на разубавување на секој поединец, без разлика дали тој тоа го прави намерно или случајно.
Истата вечер беше промовирана книгата „Како да станете модел“ на Илија Талев . Професионалниот водич за модели е наменет за стекнување основни (теоретски) предзнаења и за унапредување на истите (доколку ги имате) на секој заинтересиран, во потенцијален иден модел. Истото треба и мора да се збогати и подобри со дополнителна соодветна обука (пракса), која од една страна ќе го подобри вашиот живот лично и професионално, а од друга страна ќе го подобри вашиот имиџ во околината во која што живеете. Иако е вистина дека за да се биде модел се потребни одредени физички карактеристики, овде ќе научите дека изгледот е помалку важен и корисен доколку не поседувате цврстина на карактерот и корисни алатки, односно вистинска стратегија за спроведување на истото, за еден ден да станете вистинска личност, без разлика дали во иднина ова ќе биде ваша професија или не.
Нема коментари