Покрај класичната бела кошула, во деловниот моден свет важно место има и кошулата во светлосина нијанса, која го задоволува професионалниот дрескод и лесно со комбинира со останатата деловна облека. Со строг крој или со деликатни трендовски елементи, сината кошула се вклопува скоро во сите бизнис пригоди, а одличен избор е за работни средини кои имаат построги деловни правила на облекување. За идеја, предлагаме три деловни комбинации со сина кошула, позајмени од Хана Стем, која има блог посветен на деловната облека. Хана оваа кошула ја комбинира со миди здолниште и елегантно бело сако, со панталони со висок струк и палто во стилот на шанел-сако, а како предлог за потоплите денови, со бели панталони и сива чанта.
Нема коментари