Според новите истражуавања на CNN, најголемиот трговски центар во светот, The Dubai Mall, во исто време е и најпосетувана туристичка атракција во светот. Овој огромен продажен и забавен простор годишно го посетуваат 75 милиони туристи, што е повеќе споредено со посетителите на Ајфелова кула, Нијагарини водопади и Дизниленд заедно.
Овој трговски центар во Дубаи во Гинисовата книга на рекорди е забележан како најголем во светот, бидејќи целиот објект со сите дополнителни содржини сместен е на површина од 1.124.000 квадратни метри. Отворен е во 2008 година и во него покрај тоа што се наоѓаат дури 1.200 продавници, постојат содржини кои исто така го носат епитетот „најголем во светот“ – голем аквариум со 33.000 животни и најголем акрилен ѕид во светот, најголемата продавница на чевли во светот, најголемата музичка фонтана во светот…
Трговскиот центар се смета и за нов дом на луксузот и екставаганцијата, овде се отворени стотици бутици на најбараните и најскапи модни куќи – „Луј Витон“, „Гучи“, „Картие“, „Прада“… Буквално секој светски релевантен моден бренд има овде свој продажен простор. Во Dubai Mall може да ја купите новата чанта на „Шанел“ и „Мулбери“, последните хит детали од „Ермес“, вечерен фустан од Роберто Кавали, необичните чевли на Александра Меквин или луксузни парфимирани производи на Џо Малоун.
Во Dubai Mall има и вештачко езеро, ледена писта со олимписки димензии, тематски забавен парк KidZania, стимулатор за летање со Боинг 737… Додека се шетатате низ овој огромен простор ќе видите безброј импресивни атриуми на тема ѕвездено небо или во стилот на арапски пазар, фонтани и раскошни водопади, потоа дел со ресторани и кафулиња во кои може да се проба скоро секоја светска кујна, па и хотел со 250 соби. Целиот комплекс се наоѓа веднаш до највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа.
Нема коментари